Здружение за заштита на животна средина
ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Со својата активност членовите на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА треба да дадат позитивен пример и насока во која треба да се движат сите граѓани, кога имаат за цел да остварат некое свое право или да побараат од локалната самоуправа остварување на нивните права, пред сѐ во областа на заштита на здравата животна средина и на унапредување на условите во кои живеат и работат.
Мисија
Да се подигне граѓанската свест за активно учество во процесите кои се од особена важност за подобрување на функционирањето на јавните претпријатија на ниво на Општината и вклучување на граѓаните како битен фактор за подобрување на квалитетот на животната средина во рамките на истата.
Визија
Да се работи на активирање на граѓаните и подигање на нивната свест дека се активни чинители на општествените промени и на придонесот кон промените за подобрување на квалитетот на животната средина и на целокупното живеење.
Стратешки цели
Мотивирање на локалното население за активно учество во промените;
Правилно адресирање на локалните проблеми до надлежните институции.
Времеплов
2017
1 Ноември
Раѓањето на Еко Герила Преспа.
Еко Акции
Со цел зголемување на свеста на населението.
Масовна еколошка акција
Масовна еколошка акција во склоп на манифестацијата „Преспански Јаболкобер“.
2018
Кампања
Активна кампања против сечење на шумата околу манастирот Пресвета Богородица во с.Јанковец.
Уредување и санација
Уредување и санација на училишниот двор на општинското училиште „Мите Богоевски“.
Проблем - Нова Слога 2007 Ресен
Долгорочна активност за застапување на интересите на граѓаните против загадувач - тулана Нова Слога 2007 Ресен.
2019
Кампања
Кампања за да се крени јавната свест против палањето на трска и стрништа во заштитените подрачја околу Преспанското Езеро.
Иницијатива
Иницијатива за чистење и уредување на езерското крајбрежје во Преспа.
Вклучување на младите од Преспа
Формирање на средношколки огранок на Еко Герила Преспа.
2020
Prespa2Go
Проектот - „Prespa2Go“ е спроведен во рамките на Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан (ReLoAd), финансирана од Европска Унија (ЕУ), а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) 2020 година.
Со Еко Акции до подобар туризам
Проектот - „Со еко акции до подобар туризам“ е спроведен во рамките на Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан (ReLoAd), финансирана од Европска Унија (ЕУ), а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) 2020 година.
2021
Имплементатори на проект - SEDRA
Имплементатори на проектот „Support to Economic Diversification of Rural Areas in Southeast Europe (SEDRA)“, финансиран од German Development Cooperation GIZ Office Macedonia.
Вклучување на средношколците од Преспа во практичен еко активизам
Иницијативата „Вклучување на средношколците од Преспа во практичен еко активизам“ ја спроведува ЕКО ГЕРИЛА Преспа, и се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Активноста е поддржана преку регрантирање на проектот „Локална акција за подобри политики за животната средина“ што го реализира Институтот за Kомуникациски Sтудии во партнерство со Македонско Еколошко Друштво.
2022
Empowering the People of Pelagonija
Проектот - „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ има за цел да го зголеми учеството на младите луѓе од Пелагонија во граѓанскиот активизам, каде ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА е партнер, и од овој проект ќе биде буџетиран и ко-финансиран од Општина Ресен, нов подпроект.
Младински Преспа Хаб
Проектот - „Младински Преспа Хаб“ има за цел да придонесе за младите одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на трудот со акцент на туризмот и културното наследство.
2023
Empowering the People of Pelagonija 2
Продолжување на проектот - „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ кој има за цел да го зголеми учеството на младите луѓе од Пелагонија во граѓанскиот активизам, каде ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА е партнер, и од овој проект ќе биде буџетиран и ко-финансиран од Општина Ресен, нов подпроект.
E-SOCIETYADVISOR
Проектот - „E-SOCIETYADVISOR“ е спроведуван од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), програмата за непарична поддршка, што се спроведува во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ.
ЕКО УРБАНА ЗОНА
Проектот - „ЕКО УРБАНА ЗОНА“ е во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската Унија.
2024
Младински политики по мерка на младите
Проектот - „Младински политики по мерка на младите“ е дел од Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската Агенција за развој и соработка која ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Горди членки
Галерија
- Сите
- Проекти
- Еко Акции